Ексклузивна уметничка изложба Missing Masterpieces, под покровителство на компанијата Samsung, претставува дигитална колекција на некои од најпознатите и најинтригантни ремек-дела, за прв пат достапни за секого и за кои се стравува дека се изгубени засекогаш. Благодарение на можностите на напредната технологија, исчезнатите дела на светски познати уметници- Ван Гог, Сезан и Моне, сега ќе бидат достапни за корисниците на нивните Samsung The Frame телевизори.
Низ Европа, секоја година исчезнуваат уметнички дела вредни неколку милиони евра. Покрај тоа, моменталната пандемија меѓу другото, имаше значително влијание врз уметноста и културата, бидејќи најмалку шест слики беа украдени само за време на карантинот, вклучувајќи ја и „Пролетната градина“ на Ван Гог, која исчезна точно на 167-та годишнина од неговото раѓање. Ова дело се смета за едно од најраните дела на Ван Гог и ќе биде дел од колекцијата Missing Masterpieces, заедно со неговиот познат „Портрет на доктор Гаше“ и „Белата патка“ на Жан-Батист Удри, „Поглед од над Сер Оаза“ на Пол Сезан, ремек-делото „Мостот Ватерло“ на Клод Моне и многу други.
7дена.мк