6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Започнува петтата недела на италијанската кујна во светот на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии“

Амбасадата на Р. Италија во соработка со Катедрата за италијански јазик и литература при Универзитетите „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје и „Гоце Делчев“ од Штип, како и Институтот „Данте Алигиери“, подготвија за македонската публика богат календар со настани кои го отсликуваат духот на италијанската кујна, извонредниот квалитет на прехранбените производи и вина и богаството на традициите на италијанските региони.

И оваа година продолжува традиционалната соработка на ИТА- Одделот за економска соработка на Амбасадата на Р.Италија, со средното угостителско училиште „Лазар Танев“: во текот на оваа недела, од 23 до 28 ноември, учениците од втора, трета и четврта година ќе следат шест мастеркласа за италијанска кујна на следните теми: паста, сирења и сувомеснати производи, балсамиран оцет, италијански леб, пица и сладолед. Курсевите се подготвени од најдобрата академија за кулинарство во Италија, АЛМА, во соработка со италијанското Министерство за Надворешни работи и истовремено се следат од учениците и љубителите на италијанската кујна низ целиот свет.

 

На 24 ноември, ИТА- одделот за економска соработка на Амбасадата на Италија, со соработка со академијата АЛМА организира специјален мастерклас на тема „Италијански сирења и сувомеснати производи“ наменет за вработените на ланецот на супермаркети ТИНЕКС, кој е еден од најголемите увозници на италијански производи во земјава.

За време на викендот, на 28 и 29 ноември, жителите на Скопје ќе можат да уживаат во автентичниот вкус на неаполската пица, безгрижно, под отворено небо, покрај фонтаната во Градскиот парк, во рамките на промоцијата на пица во PIZZA TRUCK.

Програмата, меѓу другото предвидува и вебинар посветен на значењето на италијанската кујна во литературата, организирани од македонски и италијански професори, наменети за студентите и вљубениците во италијанската кујна и италијанскиот јазик.

Предвиден е и онлајн стриминг на две документарни филма: „Barolo Boys“ (2014), посветен на создавањето на едно италијанско вино, како и на докуменетарниот филм за животот на Пелегрино Артузи, 130 години од издавањето на неговиот прирачник „Науката во кујна и уметноста на убавото јадење“.
Програмата со настани може се да следи на фејсбук страната на ИТА и Амбасадата на Р.Италија.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена