10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

МСУ. Се отвори изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници

Од 15 декември (16 часот), па се до февруари следната
година, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде
отворена изложбата „Сета љубов (All the Love)“. Кураторки на
поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот е отворен од 10 часот за посетители секој ден, освен
понеделник, но поради специфичноста на изложените дела,
кураторките сугерираат дека поставката е најдобро да се
погледне меѓу 16 и 20 часот, освен недела кога музејот работи до
13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за
организација на јавни настани во услови на пандемија.

Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и
видеа, ќе се претстават 11 уметници од земјава и светски
признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки
уметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома
Њујорк…

Ќе бидат претставени дела од Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи
Хагборг (САД), Коко Фуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија),
Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска (Полска), Рена Редл и
Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска) како и
македонските уметници Велимир Жерновски и Никола
Узуновски.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за
култура на Република Северна Македонија и Еуролинк
осигурување. Голема благодарност до Музеј на Македонската
борба.
Дизајн на постер: Илијана Петрушевска

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена