Празници се ближат, но се помалку имаме насмевки да ги дочекаме како лани. Но, постојат ентузијасти кои сеуште веруваат во новогодишната магија.
Чоко-арт изложбата во фоајето на клиниката „Ремедика“ е убава слика и навистина ќе допринесе за добро расположение и на пациентите и на посетителите.
Куќички, Дедо Мразовци, слатки топчиња,светкави лампиони, чоколадни лижавчиња и што се не, се дело на Chef Снежана Ангеловска, на која ова е и втора чоколадна изложба. Патем, за сите слатки експонати се потрошени 60 килограми чоколадо.
Најубавата работа е што средствата од продадените производи клиниката ќе ги донира.
7дена.мк