Нова година, нова преработка и тоа од музичарот во кој се вљубени сите 4, од неповторливот Здравко Чолиќ. Легендарната „Једина“ доби ново руво, овој пат од шармантниот женски бенд, популарните „Фрајле“.
-Многу го сакаме Чолиќ, поточно вљубени сме во него. Песната „Једина“ е голем хит и навестува дека работиме на нови преработки. Албумот „Обрадуј ме“ не инспирираше да работиме уште, па 2021 ја почнуваме со новини – велат Марија, Наташа, Јелена и Невена.
Со албумот „Обрадуј ме“ тие одбележаа 10 години кариера, а оваа приказна добива одлично продолжение.