Што велат познатите актери, пејачи …, за случајот со силуваната српска актерка
Случајот за силуваната Милена Радуловиќ (26), актерка која за злоставувач јавно го посочи угледниот професор Мирослав Мика Алексиќ, ја крена интелектуална елита во Србија на нозе. Телевизиите, весниците, порталите, социјалните мрежи.., сите пишуваат за случајот кој по се изгледа ја отвори пандорината кутија.
„После тешка внатрешна борба, некои храбри девојки и јас решивме да застанеме на патот на темниот круг на злоставувањето – на својот Инстаграм профил пишува Милена, со што предизвика бура од рекции: веќе 8 девојки се охрабрија да пријават силување од истиот професор а се се побројни оние што прозборуваат за психичкото малтретирање на Алексиќ, кој патем е во притвор.
Но, покрај километарскити аплаузи на анонимните и на луѓето со јавни професии, подршката и реакции на актерите, пејачите, воопшто уметниците –Иван Босиљчиќ, Јелена Бачиќ Алимпиќ, Кристина Ковач, Синиша Убовиќ, Драган Кецман, Мирјана Карановиќ ( „Драга девојко, браво, има надеж за ова општество кога во него постојат личности како што си ти. Ти благодарам),Снежана Дакиќ,… често се среќааваат и малициозни прашања -зошто актерата молчела досега, и дали е ова само потреба да привлече внимание за нова улога.
Јелена Вељача во популарното ток- шоу „Недељом у 2“ кај Александар Станковиќ, резигнирано му одговори и на водителот и на сите што прашуваат -зошто, дека со тоа не ги стимулираат жртвите да прозборат, напротив, ги замолчуваат.
На прашањето зошто дури сега, Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил пишува:
„Можеби затоа што и понатаму ве има вас кои постојано повторувате дека жртвите на силователи и педофили тоа самите го барале, дека сигурно некако испровоцирале, и многу често имате потреба да простувате работи што не се за простување…“
„Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума или било која друга професија– пишува Весна Петрушевска на својот Инстаграм, и токму зборовите и ставот на нашата уметница која секогаш имала мускули најотворено да зборува, навистина отрезнуваат.
„Педофил нема професија, изопаченоста и нивната потреба да се задовоат сексуално е посилна и од малата помисла на нивните жртви кои во голем дел завршуваат со самоубиства… Браво за Милена Радуловиќ и за овие работи за кои треба гласно да се зборува и кај нас… Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, превземаат улога на виновни, знејќи дека не се…, завршува Петрушевска.
Милена Радуловиќ
Патем, Милена некогаш и Милена сега, се две сосема поинакви приказни. Со 17 години таа била кревка, несигурна, исплашена и сигурно засрамена барајќи одговор на прашањето- зошто тоа и се случува нејзе. Илјада стравови дали околината ќе и поверува на анонимната девојка која за силување го обвинува познатиот и почитуваниот професор со кариера.
Многу често јавните професии и тоа што некој е „познат“ го амнестираат ликот. Којзнае чуму, но примитивната средина често им прогледнува низ прсти на јавните личности, колку и да се насилници, алкохоличари, неурамнотежени луѓе. Токму тие се лимитирани од превземењето одговорност за разноразни девијации, психично малтретирање на околината.
Туку, застанав кај Милена со 17 и Милена денес, со 26 години.
Таа во меѓувреме заврши факултет, нашата публика ја запозна во тв- серијалот „Една летна ноќ“, правен по романот на Мир- Јам, „Беше тоа една ноќ на Јадран“. Следеа сериите „Беса“, „Пет“, „Државен службеник“, и главната женска улога во руско- српската продукција „Балканска меѓа“, каде колегата и е Милан Биковиќ.
Успехот во професијата ја засили Милена и и беше ветер во грб, што и овозможи да се исправи, и јавно да прозбори за минатото.
Вања Тодоровска
Фото- Instagram
Коментарите се затворени