Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, со фолк и интернационална вечер, на сцената на Долни Сарај во Охрид.
„Вистински празник на музиката- најавуваат организаторите, авторите и изведувачите, па ништо чудно што сите патишта овој викенд водат токму кон Охрид.Ќе слушнеме добри песни, не очекуваат две вечери исполнети со музика која преставува мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс- ју простори: Срѓан Марјановиќ, Божидар Волф, Владо Калембер…

Срѓан Марјановиќ
На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 композиции, најдобрите пејачи од овој жанр- Перо Христов, Нино Величковски, Благица Павловска, Баже Груевски, Барбара, Ирена Спасовска, „Скопски боеми“, Ибуш Ибраимовски,Петар Нечовски, „Соната“…, ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. Уметничкиот директор е Цане Петров, традицонално, водителката е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.

Каролина Петковска
Во втората, Интернационалната вечер ќе се престават 19 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји: од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, ќе биде ова „Евровизија во мало“… Уметничкиот директор е Горан Шарац, водителката е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер.

Владо Калембер
На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата.
Учесници и песни. Фолк вечер (10 септември)
1. Методија Столески – Топли солзи избриши
     Муз. и Ар. Петар Кан,  Текст Ангел Петиќ
2. Суада Каришиќ – Лажна надеж
     Муз. и Ар. Драган Грего,  Текст Фотинула Паскова
3. Ибуш Ибраимовски – Сто лири
      Муз. и Текст Томислав Коцевски – Пепси Ар. Дејан Миленковски
4. Мирко Вретоски  – Најмила моја
       Муз. Гоце Џуклески, Текст Милица Кузмановска,  Ар. Гоце Цоцески
 5.  Јагода Крнетиќ Јефтиќ – Судба ли е судбино
        Муз. и  Текст  Зоран Христов,  Ар. Љупчо Сколовски
6. Кирил Белистојаноски  – Љубов за два животи
        Муз. Гоце Џуклески,  Текст Милица Кузмановска,  Ар. Љупчо Соколовски
7. Барбара Јаковлеска – Колнат очи две
          Муз. Дон Стефан, Текст Драган Матески,  Ар. Цане Петров
8.  Дарко Билбиловски – Како беше да си вљубен
           Муз. и Текст Зоран Христов,   Ар. Љупчо Павловски
9. Милован Секулоски – Каде и да си
            Муз. и Текст Милован Секулоски,    Ар. Ристо Крстевски
10. Катерина Брезева и Соната – Ода за љубовта
            Муз. Фотинула Пакова, Текст Надица Гошева, Ар. Цане Петров
 11. Петар Нечовски – Љубов вечно да не грее
            Муз. и Текст Петар Нечовски, Ар. Славко Ристески
12. Нино Величковски – Уште еден живот
            Муз. и Ар. Дон Стефан,  Текст Огнен Неделковски
13. Благоја Грујовски и Сани – Зошто толку чекаме
            Муз. Иво Горов, Текст Огнен Неделковски,  Ар. Иле Спасов
14. Скопски Боеми – Кога љуби Стружанче
             Муз. Фотинула Паскова, Текст Огнен Неделковски,  Ар. Цане Петров
15. Ирена Спасовска – Дај само дај
                Муз. и Ар. Цане Петров,  Текст Драган Матески
16. Перо Христов – На капија една мајка плаче
                Муз и Ар. Ивица Пливелиќ, Текст Перо Христов
 17.  Благица Павловска – Без тебе неможам да живеам
                  Муз. и текст Блаже Темелков,  Ар. Дарко Тасев   
Учесници и песни. Интернационална вечер (11 септември)
1. Наталија Данаилова – „Вреди ли”
музика: Весна Малинова, текст: Весна Малинова, аранжман: Илија Ќосевски
2. Дарко Капо – „Мени треба испод неба”
музика: Владо Калембер, текст: Жељко Павичиќ, аранжман: Хрвоје Грчевиќ
3. Марија Лукиќ – „Историја љубави”
музика: Никола Грбиќ Грба, текст: Никола Грбиќ Грба, аранжман: Александар Кобац
4. Јована Мустур Ражнатовиќ  – „Конте”
музика: Славен Кнезовиќ, Текст: Момчило Зековиќ, аранжман: Сенад Дрешевиќ
5. Теди Грубица –„Не верујем да постојиш“
музика: Горан Шарац, текст: Роберт Полепиќ, аранжман: А. Валанчиќ
6.Мелани – „А ти”
музика: Мелани, текст: Мелани,  аранжман: Иле Спасов
7.Expose – „Не се предавам”
музика: Шерион Пилидов, текст: Цветелина Маринова, Аранжман: Шерион Пилидов
8.Слободанка Танева – „Зад погледот твој”
музика: Горан Шарац, текст: Огнен Неделковски, аранжман: А. Валанчиќ
9.Славен Кнезовиќ – „Море није дало”
музика: Славен Кнезовиќ, текст: Момчило Зековиќ, аранжман: Сенад Драѓевиќ
10. Инес Ербус & Давид Амаро – „Кад ти дотакнем усне“
музика: Горан Шарац, текст: Роберт Полепиќ, аранжман: А. Валанчиќ
11. Александар Јосифовски – „Оди“
музика: Александар Јосифовски- Мартин Милевски, текст- Огнен Неделковски, аранжман- Александар Јосифовски
12. Интервали – „Како порано”
музика: Давор Јордановски, текст: Весна Малинкова, аранжман: Горан Алиќ
13. Срѓан Марјановиќ- „Нисам ти баш све рекао“
музика: Срѓан Марјановиќ, текст: Срѓан Марјановиќ, аранжман: Душан Безуха
14. Рина Рамадани – „Nese dot vdes”
музика: Кристи Паша, текст: Герси Амати, аранжман: Кристи Паша
15. Филип Јордановски – „Принцеза”
музика: Владимир Дојчиновски, текст: Владимир Дојчиновски, аранжман: Владимир Дојчиновски
16. Medea –„Волшебства”
музика: Хрис Марин, текст: Весна Малинова, аранжман: Владимир Дојчиновски
17. Wolf – „Maybe Someday”
музика: Хрис Марин, текст: Wolf, аранжман: Владимир Дојчиновски
18. Лена – „Лажи ме”
музика: Владимир Дојчиновски, текст: Владимир Дојчиновски, аранжман: Владимир Дојчиновски
19. Владо Калембер – „Љубав је тамо где си ти“
музика: Владо Калембер, текст: Жељко Павичиќ, аранжман: Хрвоје Грчевиќ


