14.8 C
Skopje
недела, март 9, 2025
spot_img

Браво за тимот на „Бубе студио ин“: Арбнор и Сашо на врвот на табелата на најуспешните

Тимот на „Бубе студио ин“ продолжува да собира награди а нивните имиња се почесто го красат врвот на табелите на најуспешните. Овој пат од редовите на познатиот скопски фризерски бренд во прв план е подмладокот на Љупчо Бубе Петрушевски, кој на Интернационалниот куп во Драч, Албанија, а во организација на „Global Fashion Progress 2022“ освоија две престижни награди.
Победите се уште подрагоцени бидејќи нашите претставници беа супериорни во конкуренција од 41 земја. Браво за Арбнор и Сашо!

Овие двајца фризери на лице место го демонстрираа својот занает и креативност и официјално се декларираа како најуспешни во две категории: Арбнор Шабани освои прва награда во категоријата Woman hair cut free style а неговиот колега, Сашо Анчевски беше најдобар во посебна дисциплина наречена Hair tattoо.

Тимот се врати во Македонија преполн со впечатоци, честитките пристигнуваат од сите страни, а во оваа прилика една и од нас: Браво дечки, негувајте си го талентот и искачувајте се по скалилата на успехот уште повеќе!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена