Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Различни трендови на иста сцена
– Песните што ќе ги чуеме во Интернационалната вечер на „Охрид фест“ го носат печатот и звукот на времето во кое живееме а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите – во пресрет на фестивалот не информира Горан Шарац, уметничкиот директор на втората фестивалска вечер. – Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба.
Прва награда на фестивалот на МЕЛОДИИ НА ХРВАТСКИОТ ЈУГ- ОПУЗЕН
Како музичар но и како „нашиот“ уметнички директор имате можност да учествувате на повеќе фестивали во Словенија каде што живеете, но и надвор од неа. Како се котира „Охрид фест“?
– Оваа година како автор бев присутен (победив) на неколку хрватски фестивали. Таму музиката остана во медитеранскиот мелос кој има голема публика во Хрватска и во соседните држави. Тешко можеме да направиме споредба, бидејќи медитеранската музика е поинаква од вкусот на македонските слушатели, таа е поедноставна, предвидлива. Македонска музика е музика на ритамот, длабоките емоции и колоритот на македонската земја и луѓе.
Годинава фестивалот ни донесува, музички гледано спој на младост, на музичките трендови што ги слушаме низ радио- етерот и класична, забавната песна.
– Дадена е шанса на младите пеачи што го дополнуваат колегите од регионот.Доколку го заборавиме глобалниот вкус, музичкото разбирање на тоа што и каква е квалитетната песна, таа се разликува од држава до држава. Затоа е добро да можеме на истата сцена да направиме споредба на трендовите. И, конечно, тоа е добро за понатамошниот развој на македонската музика, која не заостанува ниту по продукција, ниту по мелодијата. Очекуваме квалитена музичка вечер и затоа, дојдете заедно да го проследиме 29-тото издание на „Охрид фест“.
Коментарите се затворени