Првиот ден на Гастромак се случи и винското патување во Винаријата Камник со Наталија Кузмановска, кога се пробаа најдобрите вина на оваа престижна винарија. Дегустација на вината беше прекрасно искуство, се разбира благодарение на шармантната домаќинка која не освои со своето знаење и комуникациска супериорност а потоа следуваше ручек во ресторанот Камник.
На богатата трпеза блеснаа македонските традиционални специјалитети, а познатите мастер шефови уживаа вовкусовите и јадењата од дивеч- гулаш од срна, зајачка паштета…, се by Chef Никола Мишковски.
Беше ова волшебен ден, кога се споија пријателствата, храната и виното.