Кристијан Лукаров, во среда (1 март) во култната кафеана „Кај Вршац“ ќе ја промовира песната и спотот насловена како „Скопска“. Вистинска емотивна приказна за неговиот татко, за музиката како дар од бога, која спојува, отвара патишта, ги светнува очите и светот го прави поубав. Лукаров работи како музички педагог, но има многу години искуство во естрадниот свет, свирките и воопшто музиката.
„Скопска“ е правена во манир на староградска балада, нежна приказна поврзана со боемштината и некогашните боеми а комплетен автор (музика, текст и аранжман) е Кристијан.
Видео записот го потпишува Бранко Попчевски, камера е на Никола Китановски, продукцијата на студиото САН АРТ а главната улога ја има Ѓокица Лукаревски. „Скопска“ е топла, нежна балада што ќе ви го допре срцето и ќе ве потсети на најдрагите.
Инаку, Кристијан во себе има сочувано спомени за боеми, тие му се постојана инспирација: целиот живот е во и со музиката, свири од 15 години, има завршено Музичка академија, неколку настапи на Лешочки фестивал и Валандовски фолк фест, работи како музички педагог а во целата приказна за боемите и гените имаат вмешано прсти.
Имено, таткото на Кристијан, Миле Лукаров, на пошироката јавност познат како дел од групата „Урнебес“ беше музичар и боем во вистинска смисла на зборот. Неговата „Боемска балада“, омилената на Кристијан, доби Гран При на „Серенада на Широк сокак“ во Битола во 2002 година.
– Во годините на созревањето бев навлечен на џез, препознатлив преку „Боемска рапсодија“ на Квин и сакав да се докажувам – вели Кистијан. -Татко ми постојано велеше: напиши едноставна а моќна песна. Таму е убавината.
Многу години подоцна сватив дека е во право.“
По се изгледа „Скопска“ е токму таква песна- моќна во искреноста, каде авторот со длабоката почит кон боемите се потпишува со точност во секој збор и секоја нота.
„Скопска“ за Кристијан значи ново музиичко поглавје и е најава за албумот што ќе се случи годинава.
Коментарите се затворени