2.8 C
Skopje
сабота, февруари 1, 2025
spot_img

Огромен интерес за 35-тото издание на Меѓународен Саем на книга

Изминатите седум дена, Арена – Борис Трајковски во Скопје беше исполнета секојдневно со бројни посетители, – и тоа не само од главниот град, – туку љубители на пишаниот збор, креативната авторска мисла, читањето, новите книги, од целата држава. Без разлика на временските услови, во изминатата седмица посетителите ја докажаа љубовта кон уживање во нови книги во рацете, – и возрасните, и младите, па и најмладите посетители беа дел од 35. Јубилеен Меѓународен Саем на книга.

Сите сомнежи дека љубовта кон читањето и почитта кон авторите, ја покажаа токму бројните посетители, а еден од цврстите докази беше и долгата редица од разнолики генерации кои држејќи и по неколку книги во рацете од авторот Крис Картер, пред штандот на Сакам Книги, трпеливо чекаа за да го запознаат и да се здобијат со потпис од еден од најпознатите автори на светско ниво.

Авторските средби беа многубројни, – Влада Урошевиќ, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Игор Џамбазов, Бјанка Белова, познатата Оливера Ќирковиќ, но и многу други познати, а и млади автори ја збогатија атмосферата во арената. Секако, за истото најзаслужни се посветените тимови на издавачите-учесници, кои годинава на јавноста и посетителите им ја понудија најбогатата програма во историјата на Саемот на книга.

Покровител на Саемот на книга е Министерството за култура.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена