Сите чуда на витаминот Д
Витамините имаат волшебна моќ врз здравјето и расположението и речиси се` што се случува во нашиот организам не може да се замисли без нивното учество. Најголеми непријатели на витамините се алкохолот, цигарите, антибиотиците и разните лекови за смирување, таблетите за контрацепција, вештачките додатоци во храната… Витаминот Д е важен за коските, а познат е и како „сончевиот“ витамин (се создава по природен пат кога сме сонце), потпомага во создавање на имунитетот, во заштитата и лекувањето на некои видови рак (на дојката, на простатата, на дебелото црево), мултиплекс склероза и Алцхајмеровата болест. Освен тоа жените кои имаат поголемо количество на витамин Д во крвта- изгледаат помладо. Знаци на недостиг: проблеми со коските, поголема чувствителност на инфекции, слабост, вознемиреност. Храна во која најмногу го има витаминот Д е: рибино масло, мрсна риба (скуша, лосос, сардина или харинга), жолчка во јајцето, печурки, црн дроб.
Фото: Pexels
Коментарите се затворени