6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Не пропуштајте: Ексклузивни работилници на Винодонија 2023

 

Винодонија 2023, што ќе се случува на 8 и 9 декември во Мериот, својот имиџ и ексклузивитет го гради и со интересни работилници и мастер класови што ќе се случуваат во тој период. Организаторите ги препорачуваат предавањата и дегустациите поврзани со Кратошија, Орле Вранец од винаријата Венец, вината на винаријата Имако, патување низ светот на винските меурчиња на шампањот и вината во Јужна Африка.

КРАТОШИЈА – Винскиот светски патник

Предавач: проф. д-р Душко Неделковски
Време: 8. декември, 12.00 часот
Skopje Marriott Hotel, Meeting Room A (прв кат)
Цена: 600 ден

Ако сакате да нурнете во авантуристичкиот свет на сортата Кратошија која што прослави не еден, туку дури пет вински региони и земји, овој настан не смеете да го пропуштите за да научите се за нејзините лозарски и сензорни карактеристики, но и да дознаете за нејзиното патување низ светот..
Кратошија, Примитиво, Зинфандел… Ова е сорта со неколку имиња во зависност од тоа како ја крстиле домаќините, но со ист темперамент и огромен потенцијал.
Елегантна, но истовремено и моќна со привлечен балкански шарм, Кратошијата даде и сеуште дава врвни уникатни вина кои верно го пренесуваат тероарот на нејзините неколку татковини.
Низ ова патување ќе ве води проф. д-р Душко Неделковски, еден од нашите најдобри познавачи на оваа благородна сорта.
Теоретскиот дел ќе биде заокружен со споредбена дегустација на неколку македонски Кратошии.

— — — — — — — — — — — — — — — — — ————————————


ВЕРТИКАЛНА ДЕГУСТАЦИЈА на виното Орле Вранец од винарија Венец

Време: 8 декември, 14:00 часот
Skopje Marriott Hotel, Meeting Room A (прв кат)
Цена: 600 ден.

Ридот наречен Орле во село Дисан е најверојатно една од најдобрите и нај уникатните микро локации за Вранец во целокупниот македонски тероарски колаж.
Ова е најава на единствената можност да дегустирате шест етикети на Орле Вранец од различни години, а дел од нив се архивски и ги нема веќе на македонскиот пазар. Ќе бидат претставени изведбите од бербите 2016 до 2021 година, и во една интересна, едукативна и интерактивна атмосфера ќе се запознаете со потенцијалот на овој локалитет кој се наоѓа на фантастични 750 метри надморска висина преку вината на реномираната винарија Венец.
Работилницата ќе ја води нашиот најпознат енолог и професор д-р Горан Миланов, заедно со главниот енолог на Венец, Кире Ристов.

— — — — — — — — — — — — — — — — — ———————————–

ХОРИЗОНТАЛНА ДЕГУСТАЦИЈА на вината од линијата Constellation на винарија Имако

Предавач: Атанас Рунчев, енолог
Време: 8 декември, 16:00 часот
Skopje Marriott Hotel, Meeting Room A (прв кат)
Цена: 600 ден.

Constellation е колекција на премиум тероар вина произведени од најдобрите лозја на микро-локации во близина на винаријата Имако во Штип.
Винификацијата и ферментацијата се работени до најситен детал, а понатамошното зреење е во буриња од француски и американски даб. Стилот на енологот и уникатноста на виногорјето ја наговестуваат подготвеноста на оваа колекција на софистицирани и комплексни вина за светски вински подвизи.
Главниот енолог на винаријата- Атанас Рунчев, ќе ни презентира и ќе се дегустираат шест етикети од различни сорти, но од иста берба, а настанот преставува одлична прилика да се запознаете со потенцијалот на овчеполското виногорје преку извонредните вински изведби на винарија Имако.

 

— — — — — — — — — — —————————————————————-

ВО СВЕТОТ НА ВИНСКИТЕ МЕУРЧИЊА

Предавач: Александар Вучковски, сомелиер
Време: 9 декември, 12:00 часот
Skopje Marriott Hotel, Meeting Room A (прв кат)
Цена: 600 ден.

Возбудливо патување низ светот на винските меурчиња, најпопуларната категорија на вино во последните години која што е во постојан пораст. Што е шампањ, која е разликата помеѓу Просеко и Кава, од каде ни доаѓаат меурчињата, со каква храна се спарува и во какви чаши да се служи. По теоретскиот дел следува уште подобар (читај повкусен) дел со споредбена дегустација на неколку видови пенливо вина во различни стилови и категории.

— — — — — — — — — — — — — — — — — — ——————————

 

ЗАПОЗНАЈ ЈА ВИНСКА ЈУЖНА АФРИКА – егзотично винско патување

Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер
Време: 9 декември, 14:00 часот
Skopje Marriott Hotel, Meeting Room A (прв кат)
Цена: 1000 ден.

Верувале или не, вино во Јужна Африка се произведува повеќе од 350 години, па малку звучи чудно кога велиме дека оваа земја припаѓа на т.н. нов вински свет. Уште од доселувањето на Холанѓаните во 1655 година кога ја засадуваат првата винова лоза па до денес, Јужна Африка докажува дека огромниот вински потенцијал на земјата има што да покаже и ја сместува во првите топ седум производители на вино во светот.

Во земјата постојат околу 2700 винарии, а ние ви селектиравме и донесовме пет етикети од три различни производители, претставувајќи ги нивните најзастапени сорти и стилови на вино.

Не ја пропуштајте единствената можност за прв пат во Македонија да се запознаете со винската лична карта на Јужна Африка и да пробате неколку ексклузивни вина со премиум квалитет специјално донесени за Винодонија 2023.

Вина за дегустација:
1. Chenin Blanc, Survivor, Swartland
2. Chenin Blanc Reserva, Survivor, Swartland
3. Pinotage, Atlas Swift, Frankhoek
4. Pinotage Reserva, Atlas Swift, Frankhoek
5. Red Blend Reserva, Shelters, Frankhoek

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена