10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Денес е најдепресивниот ден во годината

Празничната еуфорија, форсирање на еуфорично расположение стивнува, се соочуваме со реалноста, која е иста каква што беше пред празниците. Многубројните истражувања овој ден го прогласија за најдепресивен во годината, затоа што се враќаме во реалноста.
И, наместо да дозволите да ве обземе лошото расположение, обидете се да ја надминете состојбата со следните совети.

1.Направете долгорочен план
Првин, обезбедете си убаво кафе и уживајте во секоја голтка. Сега и тука. Потоа, бидете си свој најдобар пријател. Очекувањата сведете ги на нормално ниво, а „неуспесите“ искористе ги за да видите во која насока треба да одите.
2.Опуштете се
Кога ќе замислите што најлошо може да ви се случи, почнува вашиот ангажман. Ништо нема да ви падне од небо, ама и премногу форсирање нема да вроди со плод. Најдобар начин е – чекор по чекор. Патем, до каде сте со кафето?
3.Меѓучовечки односи
Имајте коректен однос кон другите ама и кон себе си. Не бидете престроги ама и не си попуштајте премногу. Развивајте емпатија. Не се сите среќни и задоволни и ги немаат сите истите проблеми, затоа бидете толерантни.
4.Каде ќе одите на одмор?
За промена, ставете во глава ментална слика што ве опушта – изгрејсонце на плажа, стар семеен двор во село, долгоочекувано патување….Наместо сиво, имајте зелено и сино, ќе ви светнат очите и многу полесно ќе ги решавате проблемите.
5.Ќе помине денот
И не само тој, ќе помине зимата, ќе заминат проблемите…Ќе помине се. Насмевнете се. Дури и таа вештачка насмевка ќе направи мало чудо. Ќе посакате повторно да се смеете.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена