Овен
Општо: Страствени, храбри секогаш во освојувачки поход. Такви се и во сексот благодарение на планетата Марс. Сексуално ќе бидат задоволни доколку одберат Лав или Стрелец за партнер
Тој: Се смета за голем љубовник, шармантен, страстен но и љубоморен. Нестрплив за предигра, спремен е за главната работа. Во младоста постојано ги менува партнерките, а онаа вистинската мора да биде најумна, најстравствена и најубава.
Таа: Голема заводничка која флертувајќи го храни своето сексуално его и нуди вистински огномет во постела. Постојано е расположена за нови освојувања, но кога ќе го пронајде вистинскиот партнер таа е вистински верна.
Идеални сексуални партнери: Лавови и Стрелци.
Бик
Општо: Сентиментален е и склон кон традиција, не копнее по нешто што е недостижно, па кога ќе се заљуби тоа е еднаш засекогаш. Го карактеризира планетата Венера.
Тој: Не е романтичен но способен е за длабоки и силни чувства кои повеќе ги искажува со гестови отколку со зборови. Може да се покаже како голем љубовник, но кога еднаш ќе ја најде својата избраничка таа за него е кралица. Во сексот ја практикува традиционалната мисионарска положба.
Таа: Обично машките за неа велат дека сексот и се гледа во очите. Во неа се крие голема љубовница а со партнерот се чувствува уште посигурно. Но доколку стане збор за некој конзервативен партнер тој многу лесно може да постави прашање: Каде го научила тоа?
Идеални сексуални партнери: Риби, Ракови, Девици или Јарци.
Близнаци
Општо: Љубопитни се благодарение на планетата Меркур и расположени за разновидност кога сексот е во прашање. Ја мрзат секоја препрека, сомнителни се и превртливи.
Тој: Води прилично бурен еротски живот и сака кратки и возбудливи врски. Делува прилично отворено и великодушно, но во љубовта е голем егоист кој мисли само на сопствените сексуални потреби.
Таа: Ужива во секое флертување а своето его го исполнува привлекувајќи потенцијални љубовни партнери. Не е воопшто страмежлива да премине од зборови на дело. Ако доживее страст, тоа нема да биде со големи емоции, верноста не и е силна страна.
Идеални сексуални партнери: Терезии, Водолии, Овнови или Стрелци.
Рак
Општо: Во љубовта се впушта откако емоционално ќе го провери својот партнер. За тоа е виновна Месечина, владеечката планета на овој знак.
Тој: Лесно се вљубува и не го красат особени љубовни вештини. Иницијативата најчесто им ја препушта на жените. Но тоа не значи дека не знае да ја изненади партнерката. Ја обожува предиграта, а најчесто е верен.
Таа: Од надвор изгледа прилично „запетлано“ и таинствено, како некоја тврдина, што за спротивниот пол претставува голем предизвик. Но тоа е само оклоп, бидејќи под него таа е емотивна и склона кон фантазирање.
Идеални сексуални партнери: Скорпии, Риби, Девици и Бикови.
Лав
Општо: Огнен, темпераментен, љубоморен…Како што околу Сонцето се вртат планетите така и околу Лавот се вртат неговите љубовни партнери. А тоа е така затоа што Сонцете е неговата владеачка планета.
Тој: Страстен е и сексот го става на прво место и затоа понекогаш партнерката не може да го прати. Доминира во се и се фали со своите љубовни освојувања.
Таа: Страсна и искрена, трага за вистинската љубов. По природа огнената Лавица сака секс, но сепак не претерува со љубовните авантури.
Идеални сексуални партнери: Овнови, Стрелци, Близнаци или Терезии.
Девица
Општо: Реална, интуитивна, со добра перцепција, способна и практична. Меркур во комбинација со Сатурн понекогаш на припадниците на овој знак им подарува-егзибиционизам.
Тој: Ќе се води според разумот, па поради тоа ќе остава впечаток како ладна личност. Се обидува да биде перфекционист, па доколку не доживее сексуално исполнување, вината ја префрлува на други.
Таа: Често сексот го смета за измачување. Доколку вистински сака, тогаш може да стане огнена љубовница. Единствена мана и е тоа што нејзиниот дух секогаш бара совршенство.
Идеални сексуални партнери: Бикови, Јарци, Ракови и Риби.
Терезија
Општо: Венера и подарува смисол за убаво, уметност, љубов, ерос, праведност и истенчен вкус во избор на партнер. За Терезија животот без љубов е едноставно невозможен.
Тој: Неговата љубовна формула гласи: Најнапред љубовница а потоа пријателка. Склон е кон флертување и бара идеална женска личност. Покрај себе сака да има и страсна жена.
Таа: Ваква љубовница секој може да посака, но доколку партнерот и пружи љубов, тогаш и таа возвраќа со љубов. Сака да направи сексуален амбиент а машките ги освојува со својата бујна фантазија и спремност за експериментирање.
Идеални сексуални партнери: Водолии, Близнаци, Овнови и Лавови.
Скорпија
Општо: Страствен и темен, Скорпионот е љубовник кој не се заборава. Но премногу е љубоморен, повеќе ја сака ноќта отколку денот, а се то тоа е благодарение на планетите Марс и Плутон.
Тој: Вистински заводник, сака страсно и гласно и често бара невозможни работи. Но, не е стабилен кога љубовта е во прашање, бидејќи постојано изјавува себичност.
Таа: Страствена, љубоморна, преполна со свои специфични барања, ја привлекуваат еротски игри и сл.
Идеални сексуални партнери: Ракови, Риби, Девици, Јарци а понекогаш и Бикови.
Стрелец
Општо: Планетата Јупитер им подарува шарм и оптимизам. Романтиката не им е баш силна страна. Нивно мото е : Што подинамично тоа- повозбудливо.
Тој: Страствен фантазер , за него ќе се ‘тепаат’ повеќе жени бидејќи го бие глас на страствен љубовник. Партнерката во неговото друштво ќе се чувствува како најсакана но, тоа ќе биде така се додека работите течат по негово.
Таа: Зрачи со сексипил, но постојано е во потрага по нов љубовен партнер па смета дека секој би можел да и биде вистински животен сопатник.
Идеални сексуални партнери: Лавови, Овнови, Терезии и Риби.
Јарец
Општо: Традиционален, воздржан, срамежлив, не сака многу новитети. Кај него се мора да биде по некој редослед и тоа благодарение на Сатурн и Марс.
Тој: Од него не очекувајте премногу романтика и страст, бидејќи е ладен. Обично е верен но знае понекогаш да се дистанцира поради недостаток на оган во своето срце.т
Таа: Понекогаш знае да се дистанцира но тоа е маска. Таа е всушност жена која има потреба од партнер па и затоа постојано е во потрага. Пријатна заводничка кај која страста не е постојана, но се случува.
Идеални сексуални партнери: Бикови, Девици, Ракови и Шкорпии.
Водолија
Општо: За нив не постојат пречки, ниту во животот ниту во сексот. Уран заедно со Сатурн ги прави за многумина тешко разбирливи.
Тој: Страстен љубовник но само кога ѕвездите му се наклонети. Лесно и со задоволство ги освојува жените. Оригинален фантазер. Од жените бара многу повеќе од тоа што тие можат да му го дозволат.
Таа: Кај неа љубовните фантазии се движат во многу специфични насоки. Сликите од Кама Сутра ги знае наизуст, како и многубројните оргии. Поради ваквото однесување често остава впечаток на ,,лесна девојка“.
Идеални сексуални партнери: Близнаци, Терезии, Овнови, Лавови и Стрелци.
Риби
Општо: Емотивни и фантазери, таинствени и интуитивни, Рибите се вистински шармери барем кога станува збор за освојување на спротивниот пол. Но поради владеечките Јупитер и Нептун, често се во кавга самите со себе.
Тој: Привлечен, романтичен, духовит, помалку заводник но на прв поглед поттикнува женско внимание. Сексуално е интуитивен и љубоморно сака да ги задоволи своите сексуални апетити. Таинствен е, и често посегнува по сексуални помагала.
Таа: Женствена и прибирлива, добра е љубовница само ако љубовта и е возвратена. Кај спротивниот пол бара духовитост и забава. Потребно е нејзиниот партнер да биде постојано иновативен.
Идеални сексуални партнери: Ракови, Скорпии, Бикови и Стрелци.
Фото- Pexels