После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.
Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.
Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект, насловен со „Намазана“ ( Намачкана ).
Тимот кој работеше на оваа песна се Саша и Ана Диниќ, а видеото го работеше „НН Медиа продукција”.
Во спотот Гавазова е во свој стил- ултра модерна и провокативна.
Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.