Најпознатите италијански брендови PHARD и ZU+ELEMENTS можат да се најдат во новоотворената продавница лоцирана во Градскиот трговски центар, на приземје (поранешна ЛИСКА), а во неа се парчињата од најновата колекција пролет/лето 2019 и тоа од двата бренда.
Дамите своето омилено парче за оваа сезона можат да го одберат од колекцијата на PHARD, единствена и урбана во секоја прилика.
ZU+ELEMENTS, пак, е колекција наменета за сите урбани фраери кои не се откажуваат од младешкиот изглед. Секоја сезона носи нови бои, модели а овој пат центарот на вниманието, особено кога станува збор за маиците, е ’крстот’ како печат на сезоната.