10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Тања Турунџиева, нутриционист: ЛУК- лек за сè

На еден стар египетски папирус од 15 век п.н.е, на еден од првите медицински прирачници, се наоѓаат дури 22 рецепта со лук: за главоболка, за болка во грлото, и за други телесни слабости.
Грчкиот лекар Хипокрит ( 460 до 375 п.не) го препишувал лукот како лек при опстипација, при задршка на течности во организмот и против тумор на матката. Римскиот историчар Плиније ( 1 век н.е) го препорачувал лукот дури против 61 видови на болести.


Љубителите на лукот можеме да ги намирисаме оддалеку- поради карактеристичниот здив од устата и поради специфичниот мирис на потта. Тоа е последица на интензивна мешавина на корисни супстанции кои се содржат во лукот. Тие многу бргу доаѓаат во крвта, а делумно се лачат преку белите дробови и кожата. Во природата има правило: се што е со остар вкус и со интезивен мирис, тоа е добро, а во најмала рака e богато со корисни супстанци.
Лукот со години се применува како лековито средство- против хемороиди, ревматски заболувања, астма, и многу други заболувања. Неговото првобитно виреење е најверојатно Азија, а одтаму е раширен и низ целиот свет.
Лукот содржи повеќе од 200 активни материи, кои се концентрирани во чешнето, иако во исхраната се користат и цветот, листовите и стеблото. Лукот е богат со многу витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, билни влакна и масти, витамини А, Б1, Б2, Ц, ензими, етерични масла, железо, јод, калиум, калциум, селен, сулфур, фосфор,….
Лукот се користи сиров или варен, ама и како додаток во јадењето. Од сокот од лукот се прават различни тинктури, намази или облоги. Тој има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство, така што неговото делување се споредува со најдобрите антибиотици.
„Непријатниот мирис“ му го дава ализинот кој ги уништува бактериите и габите и го намалува холестеролот и маснотиите во крвта.
Неговото лековито дејство е од широк спектар. Најдобро делува на:
– акни, алергиски ринитис, артеросклероза, астма, болести на крвни садови, бронхитис, настинки и грип, главоболка, габични инфекции, депресија, паразити, дифтерија, дијабетес, инфекција на мочни патишта, кандида, кашлица, несоница, неплодност, покачен крвен притисок, опаѓање на косата, проблем со помнење, симптоми на стареење, спречува згрутчување на крв, тромбоза, хроничен умор, помага при симнивање на телесна тежина, намалува темтература, за лекување разни видови на рак…

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена