Во ова турбулентно време, како веројатно и повеќето од нас и јас сум свртена кон себе, да бидам искрена, многу го слушам индискиот мислител, духовен учител Садгуру, со лајвовите и медитација Иша Крија го започнувам секое утро, сега посебно ги применувам техниките на дишење на исклучителниот Вим Хоф (наутро и навечер), многу мантри и молитви се присатни во моето секојдневие….
Се разбира и книгите се дел од секојдневието, во моментов ја читам „Нашето последно кафе“ од Коста Петров (книга за сите борци, книга за луѓето кои не се откажуваат, оние кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти од животот), на списокот на чекање ми е уште една многу интересна, бестселер џебна книга „Ноќи во харемот“ од Џилијан Лорен (незаборавно животно искуство на една млада Американка која по игра на случајноста се наоѓа во харемот на еден принц од каде се враќа многу помудра и многу побогата).
Книги на кои секогаш со задоволство се навраќам се: „Тајна“- Ронда Бирн, „Разговори со Бог“- Нил Доналд Волш, сите книги, без исклучок на Робин Шарма, фантастичната и посебна во својот стил Исидора Бјелица …