3.8 C
Skopje
четврток, јануари 22, 2026
spot_img

Ален Славица за Драган Вучиќ: Замина мојот пријател, галантен и љубезен човек

Пејачот Ален Славица, попаларно име од екс- ју естрадата, на својот ФБ профил се прости од Драган Вучиќ.

„Драган беше мојот добар пријател. Се дружевме секогаш кога ќе дојдев во Македонија. Од Макфест, до Евровизија, концерти, ТВ гостувања…
Никогаш не сум бил во Скопје без да го видам или да се слушнам со Драган. Се лутеше ако понекогаш немаше да му се јавам поради обврските. Заедно бевме на многу ручеци, а мојот последен настап беше на неговото ТВ-шоу „Некогаш и сега“. Под неговото водство емисијата беше донесена на највисоко ниво, а скопските академски музичари нè придружуваа нас пејачите. Тој неќеше плеј- бек.
Подоцна водеше ТВ-емисии за готвење и се јавуваше од разни подрачја. Галантен, висок човек, убав, љубезен, секогаш уреден, полн со енергија, полн со идеи за нови ТВ-емисии, ценет од колегите и општеството. Зад него остануваат прекрасни песни што ги компонираше…

Почивај во мир, драг пријателе …“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена