Вчеравечер во хотелот Хилтон во Истанбул,Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020 а нашата земја имаше две претставнички,
Кристина Поптрпева и Елена Петреска, кои успешно ја претставија Македонија се вратија со круни и три титули.
Нашата претставничка Кристина Поптрпева освои две титули: Мис талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната „Stay” од Ријана.
Исто така, ја освои и титулата Miss Catwalk, односно признание за најдобро движење на писта.
Нашата втора претставничка Елена Петреска, се закити со титулата Мис Туризам Евроазија 2020.
Фустаните во кои се претставија нашите девојки ги изработи модната дизајнерка Лумније Локи.
На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија.
Тие на изборот настапија преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава.