6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Промоција. „Незаборавни“ со незаборавен глас на Биба Додева

Во друштвото на пријателите, професионалните соработници, музичари, новинари и сите драги луѓе на хероината на вечерта- Биба Додева, вчера, сите со маски, прилагодени на новата нормалност поради пандемијата, присуствувавме на промоцијата на албумот „Незаборавни“.

Овој материјал навистина е посебен: првин, затоа што е создаван во – поинакви, вонредни услови, затоа е куриозитет и е сефте поп- албум годинава.
Второ, Биба ја прекина 16. годишна албумска „апстиненција“- благодарение на Дојчиновски, како што самата рече- нејзиниот двигател и пријател, и трето, затоа што оваа посебна жена, секогаш знае да чепне во душичката.
Ништо ново- Биба развалува со пеење, а сега го дава предизвикот со песни, за кои сме сите, вака или онака, врзани. Изборот е толку интересен, разновиден, што гарант барем половината од нив ви се во зачуван фајл, фиока на потсвеста, меморирани записи на носталгијата. Песни со кои се растеше и сакаше, со нив се челичевме, се разгалувавме, роневме „солзи рој“, нашите сведоци на „она“ време, кои ете и се допаднале и на Биба и на Дојчин.

Имавме тешка задача заедно со мојот Владимир Дојчиновски, да ги одбереме песните од 1962 до 2002 година, од огромната македонска музичка ризница. Сите тие оставиле белег, тоа е една младост, една љубов, едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик но и голема одговорност да ги преработиме и оставиме свој печат“– вели Биба.
„Незаборавни“ е составен од 11 преработки на познатите македонски евергрини-„Анушка“, „Во бестрага“, „Едно срце имам душо“, „Ти само збориш“, „Лажи ме“, „Виолина и гитара“, „Сонце за три светови“, „Необичен круг“, „Еден бакнеж“, „Скопје“, „Сребрени улици“ и две бонус траки- „Како некогаш“, и „Птици“, од последните два фестивала „Охрид-фест“ и „Макфест“ каде Биба имаше настапи.
На проектот се работеше повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари и тројца еминентни гости од регионот.

Дефинитивно, станува збор за квалитетна обработка, „Незаборавни“, како што велат авторите, со новите аранжмани, новото руво останаа доследни на музичкиот квалитет.
Ама имаат и уште нешто вредно што ќе го откриете на концертот.
Стегам палци да биде што поскоро.
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена