11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Brass Brothers: Време – невреме

Атракцијата од Битола, групата „Brass Brothers“ конечно ја израдува многубројната публика со авторска песна.
Песната носи наслов „Време – невреме“ а од бендот се сигурни дека ќе ја ставите на вашата плеј-листа.
„Време – невреме“ е песна на која како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски. Видеото пак го изработија „Concept Production“ од Битола.
– На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“, не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.
Тие нема да застанат само на оваа песна. Веќе се подготвува и втората, а дотогаш нив може да ги видите и слушнете буквално во секој град од нашата земја, бидејќи овие момци важат за најдобрите „мајстори“ за забава!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена