-2.2 C
Skopje
четврток, март 6, 2025
spot_img

Music Awards Ceremony (MAC) на 25 и 26 јануари во белградската Штарк Арена

Music Awards Ceremony (MAC) ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога на првиот ден од манифестацијата ќе настапат регионалните претставници на поп, алтернативниот поп, рок, рап, хип-хоп, светската музика и фолк музиката, додека на вториот ден од MAC сцената ќе им припадне на најголемите идоли на трап, дрил и урбаната поп музика.
Уметницата која долги години е присутна на поп-рок сцената, а која со својата евровизиска песна авангардата ја претвори во мејнстрим промовирајќи ја концептуалната уметност, Констракта, на задоволство на многубројната публика, се најде на листата на изведувачи за 25 јануари. Да потсетиме, по меѓународно забележливиот настап што таа и Земља грува го имаа во рамки на Евровизија, цел свет зборуваше за нивниот, дотогаш невиден, уметничко-сценски перформанс, а песната „In corpore sano“ со која настапи на натпреварувањето за песна на Евровизија денес брои повеќе од 40 милиони прегледи на светските стриминг сервиси. Констракта свое претставување имаше и на меѓународната сцена преку серија интервјуа за странски медиуми како Њујорк тајмс, Индипендент, Гардијан, Метро, ​​Сан и многу други.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена