Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живеево Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“.
Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star, „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската колевка на раскошот и луксузот, Монте Карло.
Имено „музичко – модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменататa маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери.
„Star Boy“ ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот.