„Talk To Me“, новата песна на Александар Масевски, што ја пее Андреа е „парче“ музика што, колку повеќе ја слушате (и гледате), ви ги спојува сите делчиња и прави голема целина. Во тоа е нејзината особенст.
Композицијата, како и сите досегашни -„I know“ и „I Don’t Know Your Name“, има свој карактер. „Talk To Me“ ги спојува современиот и ретро стилот а гласот на новата ѕвезда навистина знае да нурне во интроспекција и специјално расположение.
Андреа, заедно со нејзиниот ментор и авторот на истата, го напиша текстот, чија вистина ја препознаваме и на глобално ниво. Првите љубови, сеедно во кој дел на планетата, чуваат оганче што грее цел живот.
„Зборувај со мене“ е правена во актуелен synthwave стил, и од самата промоција на 2 април бележи магнетски интерес на публиката ширум светот.
Логично: музиката е универзална алатка што поврзува.