Ја нарекуваат – кралица на чоколадото, и токму тој сладок предизвик беше поводот Шеф Снежана Ангеловска да ја направи својата прва изложба. Се разбира- слатка, а што се смислила и направила Снеже, ќе видите оваа сабота (12 часот), во Веро центар Џамбо, но засега експонатите се строго доверлива тајна.
Она што се знае е дека шефовите на ГАСТРОМАК ќе ја прават најголемата божиќна торта, која на лице место и ќе се дегустира.
Значи, в сабота, сите патишта водат кон чоколадните имагинации на Снежана Ангеловска.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени