Понекогаш е добро да се пробаат природните работи и домашните совети на нашите баби и дедовци. Проверени методи на лекување кога чувствувате болка, слабост или имате други здравствени проблеми.
И, повеќето од нив навистина функционираат. Проверете.
Сода за инфекција на уринарниот тракт
Треба да додадете сода (купена во аптека) во чаша вода. Овој пијалок ги лекува симптомите брзо, бидејќи сода бикарбона се бори со инфекциите во мочниот меур, и на тој начин штити од штетни бактерии.
Компири кога ќе ве касне пајак
Живи компири имаат силни анти-воспалителни својства и ублажуваат кожни иритации, па се што треба да направите е да ставите сечкан компир на заболеното место и да почекате неколку минути.
Суво грозје за артритис
За една ноќ суво грозје треба да впие неколку лажици џин. На овој начин витамините во сувото грозје ќе бидат комбинирани со антиинфламаторно дејство на плодовите од смрека, што се користат за подготовка на џин. Така се ублажува болката и отокот.
Целер за лош здив во устата
Се што треба да направите за да се справите со лошиот здив, е да џкавате малку целер.
Коприва против опаѓање на косата
Листовите од коприва се богати со протеини, калциум, фосфор, железо, магнезиум, како и со бета-каротен и витамини А, Ц, Д и Б, од кои сите се корисни за здравјето и растот на косата. Бидејќи косата ни е составена главно од протеини, листовите од коприва го одржуваат здравјето на косата и ја прават сјајна и здрава. Во кипечка вода се ставаат 4-6 листа од коприв и потоа се ужива во чајот.
Слатки компири за менопауза
Слатките компири се богати со витамини А и Ц, како и со диететски влакна. Сето ова влијае позитивно на организмот и го намалува нивото на холестерол во крвта.
Сушени кајсии за отежнато варење
Треба да јадете 5 сушени кајсии во попладневните часови, секој ден и ќе го средите варењето. Овие плодови се богати со растителни влакна, кои го помагаат варењето.
Коментарите се затворени