16.8 C
Skopje
четврток, октомври 30, 2025
spot_img

Макало со толчени пиперки и домат

Потребно е: 10 лути пиперки, 2-3 домати, 2 чешниња лук, масло (најдобро е ладно цедено сончогледово или маслиново).
На умерен оган испечете ги пиперките а потоа ставете ги во најлонска кеса за полесно да се лупат. Лукот ситно исечкајте го и со малку сол во аван, истолчете. Сега се на ред пиперките, кои откако ќе ги излупите, треба и да ги истолчите. Потоа, доматите – се толчат со пиперките и лукот.
На крај, макалото се прелива со загреано масло, и по желба се наросува со магдонос.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена