Неодамна, во хотелот Хилтон во Бејрут, Либан се одржа големото финале на изборот за Мис на Европа за 2022 година.
Ова е голем успех за Македонија: двете наши претставнички Мија Стерјовска и Ана Брзанова се закитија со титули. Тие влегоа во „финалето“ на Топ 10 убавици, а на крајот Мија стана Втора придружничка, а Ана ја освои титулата Miss Friendship. Инаку, на „Мис Европа“ победи претставничката на Србија, а прва придружничка е девојката од Шпанија.
И Мија и Ана се членки на Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за овој најпрестижен Европски избор за убавина.
Коментарите се затворени