Почина Димитар Чемков
Синоќа, во 77 година од животот почина доајенот на македонското музичко новинарство Димитар Чемков-Циме, член на двете најпопуларни рок групи од 60-тите : „Бисери“ и „Биз-Бес“.
Цели 37 години Чемков работеше како музички новинар и уредник, како дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје. Во неговата биографија се забележени популарните емисии „Поп албум“, „Поп контакт“, „Поп телекс“, „Најдоброто од …“.
Чемков напиша околу 70 забавни и новосоздадени фолк композиции.
Беше музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се – Скопски забавен фестивал, Избор за песна на Евровизија, Макфест, Евро фест, Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово и Охрид фест.
Коментарите се затворени