16.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Сара Гигова со прв сингл. „Ладно лето“ за жешки денови

Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како девојче ја воодушеви жири комисијата и публиката со своите гласовни способности.
Таа го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.
За оваа песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни изданија.
Таа не крие дека е задоволна од тоа како звучи песната и како изгледа спотот…
– Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ми беше да донесам одлука со кого да сакам да работам. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исто така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував и јас во мојата глава. Да не должам многу, се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика – изјави Сара.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена