„Драги мои, со големо задоволство, официјално можам да соопштам дека сум претставник на Евросонг оваа година во Израел. Нека ни е со среќа..“, на својот фејс – бук профил објави Тамара Тодевска, а убавата вест беше соопштена и на државниот сервис МТВ.
Тамара е одличен избор за Евровизискиот натпревар- го имаме фантастичниот вокал, што е голем адут. Потоа оди потешкиот дел- да се одбере вистинската песна, а тука многу пати сме утнале. Стегаме палци годинава да се направи вистинскиот избор.
Инаку, ова не е огнено крштевање на Тамара на Евровизискиот музички и телевизиски спектакл. Во 2008 година во Белград, Србија таа заедно со Врчак и Адријан ја изведе „Let me love you“, но песната помина неславно, односно не се пласира во финалето.
Коментарите се затворени