Тања Турунџиева: Имате хемороиди? Заборавете на сува храна
Хемороиди или жуљеви се проширување на присутните крвни садови на перианалниот предел (анус) и долниот дел на ректумот (завршното црево). Најголем причинител за настанување на хемороидите е напрегањето за време на дефекација при затвор, а може да биде и бременост. Настанатите проширени вени не можат лесно да настанат.
Правилната и здрава исхрана, како и хигиената можат да го сочуваат ова ткиво од воспалитеност и создавање на згрутчување внатрешно во нив (тромбоза на хемороиди). Ова болно искуство има потреба од хируршко лечење.
За да можеме да го решиме проблемот со хемороидите, најпрво треба да го промениме начинот на исхрана. Покрај исхраната треба да имаме и редовна физичка активност, особено оние кои што се статични. Не треба да си дозволиме вишок на килограми и, многу важно, треба да заборавиме на сувата и индустриска исхрана која што содржи одредени штетни компоненти емулгатори, вештачки бои..
Најнапред треба да обрнеме внимание на течности во организмот, колку вода пиеме дневно, а таа го олеснува празнењето на цревата и ги омекнува фекалиите. Исхраната сиромашна со влакна, предизвикува настанување на цврсти фекалии, кои предизвикуваат напор за време на празнење на цревата. А, тоа предизвикува настанување на хемороиди.
Овошјето, зеленчукот, мешунките и интегралните житарки се најдобар извор на природни влакна. Грозјето го подобрува протокот на крвта низ порталните вени, кои примаат најголем дел крвта од околината на хемороидите. Гројзето, во периодот од три дена, и тоа по еден килограм дневно, може значајно да ја олесни акутната состојба на хемороидот.
Иако не е периодот на јаготките и тие се богати со растворливи влакна кои го подобруваат протокот низ цревата и спречуваат констипација. Исто така го спречуваат и заостанување на порталниот крвоток и ги намалуваат отоците на хемороидите. Тие можат да се користат и во смрзната варијанта во комбинација како смути со вода, бидејќи сега не се сезонско овошје, на тој начин може да се олесни акутниот напад на хемороидите.
Боровницата содржи антоцијанин кој го смирува воспалителниот процес, едемите и го подобрува протокот на крвта низ вените. Затоа боровницата е погодна за спречување и лечење на хемороидите. Најважно во исхраната, покрај течностите(водата), свежото овошје и зеленчук, е да се внесе чорбеста исхрана која што ќе биде домашно приготвена.
Задолжително со секој оброк да се јаде свежа салата, бидејќи е богата со влакна. Од нутритивите кои што треба да се елиминираат за превенција и лечење на хемороиди, или да се намали нивниот внес се: лутите зачини (особено оние кои што се полни со конзерванси), белиот и црниот бибер кои ја надразнуваат слузокожата на ректумот и на анусот, каде што се собира крв и ја влошува состојбата на хемороидите.
Рафиниран (бел) шеќер е на црната листа. Особено, колачите приготвени од белиот шеќер и рафинирани брашна го отежнуваат варењето и дефекацијата, а на тој начин ги активираат хемороидите.
Јадењето на здрава и правилно искомбинирана исхрана и тоа како моќно влијае за да се победат хемароидите.
Коментарите се затворени