Позитивни, енергични и со полно срце, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“, како одговор на новата реалност.
Ова е петтиот сингл, во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум “Играј!”
“Дојди” е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.
Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.
Снимена и продуцирана во Тралала студио.
Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино- гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски – бас гитара.
Коментарите се затворени