3.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025
spot_img

Убави нешта со „Нокаут“: Спот за „Сакам да живеам“, документарец, нов албум и лого на бендот

Иако во моментов живееме исклучително тежок период од и со пандемијата, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. Денеска тие го промовираа спотот за Макфестовската победничка тема „Сакам да живеам“ што ја потпишуваат Филип и Огнен Неделковски.
– Режијата на спотот е на Јован Куциноски, со кој го рабоетевме и видеото на „Позитивно“. Снимавме во Маврово и во Охрид, и сигурен сум дека ги пренесовме емоциите од песната – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.


Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „Би се викал Нокаут“, во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски- Ѓуле.
-Тој заедно со својата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум, кои се снимени во живо, само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Пере.
Инаку, новиот, четвртиот студиски албум на „Нокаут“ е во завршна фаза: дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени, но дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година и тогаш ќе биде претставено и новото ребрендирано лого.
Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.
7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена