Познатиот италијански слактар и чоколатиер, Федерико Анцелоти, расте меѓу аромите и вкусовите на фамилијарната слактарница „Dolci e Sensazioni”, и сосема логично, откако ќе порасне, посетува специјализирани академии, специјализирани курсеви во некои од најреномираните школи за слаткарство, каде учи од најдобрите предавачи во Италија и странство.
Во 1998 година повторно ја активира фамилијарната слаткарница „Dolci e Sensazioni“ во Миљанико, која ја добива во наследство, комплетно ја реновира и воведува производство на широка лепеза слаткарски производи и чоколадо.
Страста кон чоколадото кај Анцелоти не престанува никогаш, напротив, станува се поголема и покомплексна што му овозможува да стане експерт во оваа област, главен консултант на некои од најголемите имиња во индустријата на чоколадото и одговорен за Кластерот за какако во рамките на ЕКСПО 2015.
Од 2006 година тој е главен организатор на Форумот за слаткарство на саемот SIGEP во Римини, најважен саем од доменот на слаткарството во Италија.
Исто така, организатор е на италијанскиот Шампионат за слаткарство кој се одржува под покровителство на Претседателот на Италија и е лидер на националниот тим за слаткарство на Италија кога учествува на меѓународни натпревари.
Од 2007 до 2019 година, маестро Федерико Анцелоти е Претседател на Националното Здружение на слаткари на Р.Италија, што брои повеќе од 20.000 членови.
Во 2011 година Местро Анцелоти освојува 1-во место на Светкиот Куп по Слаткарство, додека минатата година ја доби наградата „Prix au Chef Patissier“ од Меѓународната Академија за Гастрономија (Academie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од 5-тте најдобри слаткари во светот.
Во 2015 година ја објавува книгата „L’Italia del Gusto“. Во 2016 година Анцелоти одлучува да го пресели својот бизнис во центарот на Пескара, прво со брендот “Dolce Passione”, а потоа со брендот “Emozioni Italiane”. Во 2020 година, на барање на Министерството за Надворешни работи на Италија и ИТА тој е автор на два научни труда посветени на какаото и кафето.
Во продолжение, дознајте уште некои интересни работи за овој врвен слаткар.
Италијаните храната ја сметаат за уметност и за ритуал, и во тој контекс, дали мислите дека за благите работи, како врв на готвачката уметност, важи она правило-ако уживаш во нив, ќе уживаш и во животот?
– За мене, слаткартството е како искушение на вкусот. Ако ви се допаѓаат слатките, сигурно сакате да уживате во животот со неговите слатки искушенија.
Дали традицијата ви е инспиративна и колку новата технологија ви е предизвик во слаткарството?
– Не може да постои иновација без традиција, исто како што не може да се изгради висока кула без солиден темел. Технологијата е многу важна за да се постигне стандардизација за производство на традиционалните производи, но човекот останува да биде „срцето“ и „умот“ на производниот процес. Тој треба да управува со технологијата и да не се предава на мрзеливоста. Добриот производ е секогаш резултат на енергијата на професионалецот што управува со машината, а никогаш на машината.
Што значи -добар слаткар? Кој е Вашиот заштитен знак и што би им препорачале на оние кои допрва се вклучуваат во овој возбудлив благ свет?
– Добар слаткар е оној кој секогаш бара повеќе, никогаш не е целосно задоволен со резултатот, во постојана потрага по нови искуства.
Инаку, состојките постојано се менуваат, како што се менуваат и вкусовите и желбите на потрошувачите. Глобализацијата ни овозможува да откриваме нови производи и нови вкусови а слаткарот е оној кој секојдневно експериментира со својот стил, со својата култура, со цел да ги оживее минатите искуства во нова интерпретација: моменталните вкусови и побарувања и сонот за иднината. Мојата тајна е тоа што немам тајни. Секојдневно менувам и правам иновации.
И за крај, имам два совета за идните слаткари: никогаш да не бидат задоволни со своите постигнувања, да се стремат кон нови цели и да не престануваат да учат! Тоа значи да посветуваат на учење најмалку два часа во денот.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени