6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Богданци почна да пишува гурманска традиција со Фестивал на југоисточен регион

Овој викенд во Богданци се случи првиот Фестивал на југоисточен регион: производителите од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина.
Имаше многу сонце оваа сабота во Богданци, а организаторите од Еко Росалес, како мали сонца- во жолти маички ги поздравуваа производителите, гостите, учесниците…

Со многу добра енергија, со убаво, со арно, многубројните посетители го преплавија Градскиот парк и пробуваа од се што имаше на 20-тина штанда: слатко од диви и домашни смокви, органско масло од лешник, слатко од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракија, сирење, зеленчук, сок од калинка, оцет од диви јаболка, џем од мушмули…

Секој на свој начин даде придонес во овој интересен настан, се слушнаа многу приказни од локалните производители, се размени и понекој рецепт… За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци „Свит Денс“, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група, „Фониа“ и многу други. Настанот го подржаа Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.
И за крај: како што ни кажаа организаторите, Фестивал на југоисточен регион почна да ја пишува својата биографија. Им посакуваме среќа и бериќет.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена