5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

Бојата на апетитот: Главниот поттик при нагонското одбирање на храната е визуелен

Неврофизиолошките испитувања покажаа дека 80% од сетилните информации од околината на визуелната природа и скоро треттина од мозокот се користат за дешифрирање на тие податоци. Докажано е дека одлучувачка важност игра бојата која идентифицира специфичен дел чии клетки се програмирани за разликување на бојата, без интерес за обликот на перцепираниот предмет. И секојдневното искуство докажува дека бојата влијае на душевната состојба и чувствата, па токму тоа влијание врз човечката психа.

Боја на апетитот
Истражувањето за боите ја открива поврзаноста на секоја поединечна боја со посебна емотивна состојба која влијае и на изборот на продуктите.
Црвена
Црвената боја најмногу влијае на апетитот поради посебната чувствителност на мрежницата на нејзината бранова должина. Повеќе од било која боја не наведува да го пробаме јадењето: црвени се црешите или јагодите кои се ставаат на средина на тортата, црвена е ротквицата која се става во облик на цвет врз салата, црвени се доматите или пиперките исецкани на коцкички со кои се украсуваат послабите бои.
Црвено било и јаболкото на кое Снежана не можеше да му одолее. Црвената боја ја поврзува психата со месото, храна без конкуренција со која човечкиот род отсекогаш се хранел. Тоа е и бојата на огнот, животот, искушението: со еден збор тоа е храна која не наведува да ја пробаме.
Жолта
Жолтата е боја на сонцето, светлината… На жолтите продукти колку им е појак интензитетот толку повеќе се зголемува апетитот.
Колку бојата е поинтензивна толку нашата психа храната ја смета за похранлива. Така уште додека тестенините се подготвувале во домот се се велело дека подобри се „пожолтите“.


Зелена
Смиреност. Тоа е бојата на пролетното будење која создава чувство на здравје и природност. Потсвеста автоматски се поврзува со апсолутната слобода, свежина и природност.
Доколку консумирате зелена храна, се чувствувате подобро како нешто да ве препородило. На пример, чинијата со зелена салата веднаш создава чувство на здравје, исто како да сте се испружиле на пролетна ливада.
Црно
Црната боја го намалува апетитот и се прифаќа само со рационализирање. Ниту едно дете кое реагира нагонски не би изело крекер намачкан со кавијар. Возрасните пак знаат дека кавијарот иако на изглед е непривлечен, има одличен вкус.
Бело
Белото е боја на новото, чистото и недопреното. Поврзана е за прочистување. На пример, кога се чувствуваме добро, сакаме да јадеме бело, иако не значи дека белата боја е лесно варлива.
Истовремено белата е боја на основната храна, мајчиното млеко. Бели се шеќерот и шлагот, двата исклучително убави продукти.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена