5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Добредојде за „Слоу Фуд гостилници“, првиот водич за автентична и вкусна храна кај нас

Вчера во кафе книжарницата „Литература“ беше промовиран првиот водич на Слоу фуд Македонија, прирачник за вкусна и автентична храна во гурмански објекти во нашата земја насловен како „Слоу Фуд гостилници“.

Водичот го претставува гурманското богатство на 17. интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред се, вкусната храна, навистина добро се јаде. Ќе дознаете каде се прави золеник, тас ќебап, каурдисана туршија со ориз и праз, реканската пита, „Преспав чомлек“, мераклиски лукајнци, годивска салата и сл…Всушност, „Слоу фуд гостилници“ треба да се верен придружник на туристите- странски и домашни, на авантуристите, сите што сакаат да истражуваат и да се нагостуваат со помалку заборавени домашни специјалитети.

„Слоу фуд гостилници“ ја пресликува традицијата и ги применува принципите на современата кујна, го почитува старото што го сервира во новото, правејќи вкусна симбиоза на минатото и иднината.
И уште нешто: како ќе препознаете Слоу Фуд гостилница?
Знак на распознавање е црвеното полжавче што се наоѓа на вратите на локалите а тоа потврдува дека потеклото на храната е локално, високо квалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии. Полжавчето е патоказ кон местата каде добро се јаде и пие, и токму таму има мени- репрезент на локалната кујна што обезбедува одличен квалитет и фер цени во менито.

На овој проект работеше цел тим на стручни соработници на Слоу фуд Македонија а автор на текстовите е Валентина Вања Тодоровска.
Првото издание на Слоу фуд гостилници го краси „Ресенчанка“ на Катја Ефтимова, со што се потенцира дека уметниците никогаш не ги напуштиле изворите од кои се напојувале, инспирирани од традицијата, народното творештво и севкупната етнокултура на својот народ.
Посветеноста на овој концепт ќе се надоградува во следните изданија, кога ќе се вклучат и нови гостилници од други региони.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена