Елена Реи заштитно лице на козметичката куќа La Mer

Елена Реи која успешно работи во светот и е една од малкуте македонки кои работат со светските брендови. Покрај соработката со Diane Von Furstenberg – DVF, e-comm каталози за Lou & Grey, Donna Karran – DKNY, Елена имаше две насловни за модниот магазин Vulcanize и стана заштитно лице на козметичката куќа La Mer. Откако минатата година напорно работеше во Токио и Њујорк, пред извесно време отпатува за Азија каде ќе престојува се до летото. Нејзиното модно портфолио е големо богатство и багаж кој ќе и овозможи понатамошна соработка со најдобрите брендови во светската модна индустрија. Секако нејзиното име останува запишано во поновата македонска модна индустрија.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!