Кои македонци го заслужија епитетот – најбарани интернационални модели

Во светот на моделингот сезоните и лицата се менуваат со брзина на светлината. Да се опстане и работи на подолг рок им успева само на квалитетните и специфичните ликови, па така модната агенција Моделс ИН Менаџмент во пресрет на нејзиниот јубилеј (20 години) ги представи своите најбарани машки модели.

Павле Николовски
Веќе добро познат и признат на нашата но и меѓународната сцена, Николовски се вбројува во оние машки модели со огромно портфолио и зацврстен кредибилитет. Неговиот стаж од 10 години му ги донесе и најголемите модни кампањи за веќе признати брендови. Неговата долга коса му помогна да ја задржи својата оригиналност и воедно да ја потенцира неговата рафинирана убавина. (BOSS )

Алекс Златановски
Мистичната убавина и маркантната појава беа пресудни за да Златановски влезе во светот на моделингот. По само еден месец откако стана дел од Моделс ИН беше букиран за неколку различни проекти и тоа му овозможи брзо лансирање во светскиот моделинг. Кампања која му помогна подобро рангирање помеѓу машките интернационални модели беше за Армани часовниците.

Христијан Стојаноски – Крис
Откако беше приметен од професионалното око на менаџерот Алек Наумовски, на Стојаноски му беше потребен вистинскиот тајминг за да се вивне во самиот врв на интернационалната сцена. Неговата класична убавина и вроден шарм експресно му ги отворија вратите на светските агенции. Како негова специфика се смета работата воБангалор (Индија) каде работеше на комерцијални каталози за Томи Хилфигер и Келвин Клајн.

Никола Андоновски
Младиот и енергичен Никола во ниеден момент не се двоумеше кога му предложија брзо заминување и работа во некоја од странските агенции. Иако со само 17 години Андоновски беше решен да биде дел од светскиот моделинг, неговото совршено тело и убавиот лик му донесоа многу интересни кампањи и фотографирања, помеѓу кои се издвојуваат Левис и Најк.

Андреј Пајмаковски
Најмладиот и најхаризматичниот Андреј ја комплетира оваа листа на најдобрите и најбараните машки модели. Доволно беше само да се појави на кастинг за да матичната агенција Моделс ИН забележи дека Пајмаковски ги поседува сите можни критериуми што се бараат за машките модели. Уникатната убавина и совршените пропорции веднаш му овозможија влез во најдобрите светски агенции. Последното работно патување во Барселона го скрати поради светската пандемија, но му овозможи одлични контакти со реномирани агенции и букери. Неговиот успех е загарантиран и потврден бидејќи поседува вонсериска убавина.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!