10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето

Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер, ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 “Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки.

Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата “Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.

– Во моето секојдневие навистина ми беше потребна облека која ќе биде удобна, квалитетна и која одлично ќе се прилагоди на фигурата и воедно ќе изгледа стилски со што би можела да ја носам во повеќе прилики. Сакам сите девојки кои ја носат оваа облека да се чувствуваат удобно и со стил во исто време, за тоа навистина се погриживме да одбереме високо квалитетни материјали и го усовршивме кројот. Затоа ве поканувам во нашата онлајн продавница да си разгледате и да си шопингувате.

„Blooming Monochrome“ е lifestyle облека која комбинира стил на минимализам и лежерен спортски шик кој можете да го носите секојдневно, како на прошетка со пријателките така и на кафе, ручек, патувања, секојдневни дружења.

Една од главните цели на колекцијата “Blooming Monochrome“ е да им обезбеди на жените висококвалитетна облека која не само што е модерна, туку и функционална. Затоа Her Line се фокусираше на користење природни материјали со врвен квалитет, дизајнирани на стилски и практичен начин.

Her line е македонски бренд кој постои веќе 3 години и кој продолжува да внесува свежина на македонскиот пазар. Карактеристични за овој бренд се костимите за капење како и athleisure парчињата облека што е воедно и светски тренд – хибриден спој на спортска и секојдневна формална облека соодветна за сите пригоди.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена