На 20. jули во Битола, голем солистички концерт на Јордан Митев

Јордан Митев е еден од ретките македонски фолк пејачи, кој освен што е комплетен автор на сите досегашни негови хитови, повремено има и големи солистички концерти по македонските градови, но и надвор од Македонија.
Концертот во Битола ќе се одржи на ракометното игралиште, со почетокот во 21:00 часот. Гости на вечерта се Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар УСКА КАН од Берово.
Влезниците се пуштени во продажба на две места во градот, на касата на ракометното игралиште и во кафе „Пајтон“.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!