За двајца – 300 грама црн дроб од гуска, 2 јаболки, малку цимет, филџан бело вино, малку путер, сол и црн пипер.
Црниот дроб се чисти од жилички, се посолува, се додава црн пипер и се посипува со шеќер за да отстои цела ноќ. Утредента смесата се става во калап и се пече 20 -тина минути на тивок оган. Следната постапка е многу важна- готовата смеса се вади од калап и се посипува со вода за да се излади. Се сече на тенки парчиња и се сервира со мармелада од јаболки или џем од цреши.
Фото- Il Fatto Alimentare