Музиката е универзален јазик на кој зборува срцето и има моќ да нѐ натера да чувствуваме различни емоции. Таа е највисоката форма на магија и, како што во една прилика рекол Карлос Сантана, има моќ да ги зближува луѓето. Музиката во исто време е и лек, факт потврден од Британската академија за звучна терапија (БАСТ), што со години ги проучува корисните ефекти од слушањето музика за терапевтски цели. Едно истражување на БАСТ, односно проектот наречен „Музиката како лек“, се обидува да идентификува точно каков вид музика стимулира позитивни нервни одговори и колку долго треба да се слуша пред да почнат да се активираат овие одговори.
– Повеќето луѓе слушаат музика секој ден и речиси сите имаме тенденција да ги менуваме плеј-листите врз основа на расположението. Психолозите повторно докажаа дека музиката може да има влијание врз нашето здравје. Имајќи го тоа на ум, би било одлично ако може да се препише музика за да се помогне во одредени состојби, велат невролозите од БАСТ.
Резултатите од истражувањето се неверојатни – 89 % од испитаните 7.580 лица рекле дека музиката е суштинска за нивното здравје и благосостојба.
Ние нема да докажуваме ништо, ниту ќе одиме против оние кои веќе го сториле тоа, само во пракса ќе се обидеме да делувамe лековито и да потврдиме дека музиката е лек за душата – затоа не пропуштајте да бидете дел од големиот музички настан „99 Megastars“ закажан на 30 ноември со почеток во 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. А тогаш освен што ќе можете да уживате во добро познатите рефрени, ќе имате можност да си ја тестирате и среќата – зашто освен многу музика ќе има и многу, многу изненадувања.
Влезот на „99 Megastars“ ќе биде бесплатен со регистрација, а информациите за ова очекувајте ги на 18 ноември.
Во улога на водители на настанот, што воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски. А дел од музичките имиња, кои ќе бидат задолжени за забавата ќе бидат Александар Митевски, Андријана Јаневска, Арбен Шакири, Верица Пандиловска, Искра Трпева, Peace Brothers, Маја Гроздановска-Панчева, Ребека Јанковска, Ристо Самарџиев, Кристина Арнаудова…
Што се однесува до техничкиот дел, благодарение на кој присутните ќе добијат можност за уникатно уживање и настан каков што ретко се гледа на нашите простори, очекувајте бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба“ со сите изведувачи, а уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат во салата (начинот на кој ќе се обезбедува место ќе биде објавен на 18 ноември).
Пред СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај. Настанот ќе биде емитуван и на профилите на социјалните медиуми на Државна Лотарија, како поддржувач на настанот. Во реализацијата на овој мега проект учествуваат повеќе од 200 луѓе, а дел од dreamream-от се Дарко Панчевски и Емилија Илиевска, проект-менаџери; Мартин Трпчевски, уметнички директор; Александра Тимковска, лице задолжено за односи со јавност, Божидар Божиновски, сценарист; Зоран Тошевски, сценограф; Advanced Solution Group – Маркетинг кампања и Ангелина Китановска, стилист.
Најголемиот пријател Државна лотарија за оваа вечер вели дека е влог во заедничката среќа. За „99 Megastars“ и настаните што следуваат Државна лотарија има многу поводи, но најважниот е, велат, да се собереме, да ја славиме среќата, надежта, музиката, дружењето, убавите спомени, искрените емоции…
„Среќа е да се биде заедно, да сме живи и здрави, да пееме и играме, да се наградуваме, да се радуваме на добивки, да учествуваме во креирањето на едно големо цело за сеење среќа и надеж онаму каде што е потребно да се помогне“, велат од Државна Лотарија.
На 30 ноември среќата ќе биде насекаде, исто како и музиката, а таа не заборавајте му дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи.
Бидете дел од „99 Megastars“ и не заборавајте – датум: 30 ноември, време: 20 часот, локација: СЦ „Јане Сандански“.
Се гледаме!
Коментарите се затворени