Почнете го денот со здрав појадок

Авокадо со јајца
Потребно ви е едно зрело авокадо, неколку чери- домати, сол и бибер по вкус. Исечкајте го авокадото на парчиња, додадете домати, над нив – едно јајце, зачинете и запечете.

Шарен појадок
Ова е универзален рецепт за одличен појадок. Потребно е 1/2 авокадо, 1/2 чаша јогурт, 1/2 чаша млеко, 1 банана, грст спанаќ. Сомелете ги состојките во блендер, додека не станат совршено мазни.

Палачинки
Палачинките можат да бидат вкусни, но и здрави. Ќе ви требаа фино мелен овес, белка од јајце, пире од банана и малку мелено ленено семе. Палачинките можете да ги засладите со мед, џем, јаворов сируп, свежо овошје… Вкусни, хранливи и богати со витамини и протеини.

Омлет од зеленчук
Многу е лесен за приготвување и во него можете да ставите свеж зеленчук и се` што ќе ви се најде во фрижидерот. Ако не успеете да го изедете за појадок, остатокот оставете го за ужина.

Овес
Овесот ќе ве држи сити долго време. Направете го со млеко, а за повеќе вкус додадете мед, банана и ореви. Смрзнати боровинки и ѓумбир? Овој појадок е совршен баланс: содржи протеини, масти и јаглехидрати. Боровинките и ѓумбирот се богати со витамини и помагаат за силен имунитет. Додадете јогурт, малку мед.

Фото-Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени