5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Прашалник. Калиопи: „Знам“ предизвика емотивна експлозија кај мене

Калиопи во име на армија почитувачи, фанови, во име на песните кои стануваат интерни химни и евергрини, сними уште една песна, дует со нејзиниот долгогодишен пријател Жељко Самарџиќ- композиција „Знам“ што во комплет ја потпишува Ромео Грил.
На вчерашната средба со новинарите таа се потсети дека само две песни досега:„Бато“ и „Црно и бело“ предизвикаа исти чувства како најновата- кога ја слушна музиката почувствува треперење и пеперутки во стомакот.
Ја сакаме Калиопи затоа што е доследна: и покрај години естрадно постоење, импресивен број на настапи и концерти, величенствена е во спојувањето на емоциите и музиката, во кои има препознавање на срека, меланхолија и копнеж…
Ова се нејзините блиц-размислувања на дадените теми.

Ромео Грил
– После толку години помислувам дека е чиста судбина што се сретнавме и што го делиме животот. Тој ги направи моите најдобри песни, по разводот останавме пријатели, токму албумот „Обои ме“ е создаден тогаш. Знае да ми се јави, откако ќе напише песна и да ме праша:- Дали кажав се што мислеше?“.

Жељко Самарџиќ
– Се знаеме од мојата 16 година, мојот брат по душа, не врзува емоција, а кога Ромео ја напиша „Знам“ токму за нас двајцата, ја препознавме моќта на песната. Тој ја обожава Македонија, поголем амбасадор од мене е, и секое доаѓање кај нас за него е празник.

Музика
– Ми ги креираше патеките по кои се движев. Како и секогаш, поведена од сопствената интуиција, ги пронаоѓав луѓето и вистинското време кога треба да ми се случат одредени нешта.

Новинари
– Дома си е дома, тука новинарите ме доживуваат како своја и, се разбира, нашата комуникација секогаш ќе биде поинаква. Но, на мое огромно задоволство, од страна на медиумите надвор од нашите граници, наидувам на огромна почит и љубов, како и на висока професионалност.

Пријатели
– Вистинските останаа.

Ентузијазам, оптимизам
– Како и секогаш, јас сум вечен оптимист и ентузијаст.
Во животот добиваат само оние што умеат да ризикуваат и се храбри!

Убавина
– Топлина. Ако нешто ме огрее, тоа е убавина за мене…

Љубов
– Не подразбира приоритети, само ја менува формата, но не и интензитетот. И таа нема век на траење…
Љубовта е најскапоцениот еликсир за сила и најголемата убавина меѓу сите други.

Утре
– Оставам тоа „утре“ да мисли за мене, додека јас вредно работам и го живеам животот со сите негови страни. Доколку сум искрена и доследна, ни тоа нема да ме изневери.

Што не излегува никогаш од мода?
– Чувството за себеси одвнатре!

Најубаво нешто што може да му се случи на еден човек е …?
– Животот…

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена