16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Тања Турунџиева : Што да консумирате а што да одбегнувате кога имате проблеми со тироидна жлезда

Пореметувањето на хормоните на тироидната жлезда може да биде различно, да е хипертиреоза или хипотиреоза.
Хипертиреозата е состојба на прекумерно создавање ха хормоните на тироидната жлезда. Може да ја предизвикуваат хормонски пореметувања, а поретко и тумори. Со оглед на прекумерното создавање на хормони на тироидната жлезда доаѓа до забрзување на метаболизмот, односно побрзо согорување на масти, протеини и јаглехидрати, што резултира со намалување на телесна тежина. Симптомите хипертиреоза се нервоза, немир, емоционална нестабилност, исцрпеност, дрхтење, тахикардија, зноење и слабо поднесување на горештина.
Покрај лекарскиот третман значајна е и правилна исхрана што би го успорила работењето на тироидната жлезда и на тој начин би се избегнале можните компликации. За превенција и лечење треба да се зголеми внесот на корисните протеини во зголемена количина, за да се надомести нивното забрзано согорување предизвикано од забрзаната работа на тироидната жлезда.
Билните намирници обезбедуваат висококвалитетни протеини. Од животинските намирници богати со протеини, треба да се избегнуваат млечните производи, јајцата и месото, а да се форсираат рибата и печурките.


Хипертиреозата зголемува потреба за калории, а јаглехидратите се нивен најдобар избор. Како корисни јаглехидрати можат да се користат мешунките и безглутенските житарки. Сите витамини од Б групата се важни за метаболизмот на јаглехидратите, затоа што ги претвараат во енергија.
Од зеленчуците би ги издвоила- зелката, карфиолот и репките, од кои се лачи супстанца која спречува тироидната жлезда да го апсорбира јодот и ги ремети нивните функции.
Меѓутоа мора да се напомене дека тие секогаш треба да се користат во сирова форма, никако во термички обработена форма. Пченката во себе содржи комплексни јаглехидрати кои со нејзина употреба може да ја успори работата на тироидната жлезда.
За нарушување на ова заболување треба да се исклучат стимулативните напитоци, особено кофеинските, кои придонесуваат за поттикнување на нервоза и тахикардија, симптоми кои што се типични за хипертиреоза.
Хипотиреоза е болест која настанува од недостаток на хормони на тироидната жлезда. Оваа болест може да биде проследена заради не доволен внес на јод во организмот и да дојде до појава на деформитет на тироидната жлезда како и појава на струма. Како превенција и лекување на ова заболување, потребно е да се користат алги, бидејќи јодот е еден од минералите кои што игра голема улога за правилна функција на тироидната жлезда.
Поточарката е богата со елементи во трагови како што се јодот и железото, делуваат како тоник на тироидната жлезда и на организмот во целина.
За да ја заштитите вашата тироидна жлезда намалете го стресот, проверете ја генетиката за да го исклучите автоимоното заболување хашимото, имајте редовна физичка активност, внимавајте на исхрана и во секој случај побарајте лекарска помош доколку имате нарушување на жлездата.
Таа жлезда е од суштинско значење на ендокриниот систем, кој што може да предизвика скриени проблеми и со другите жлезди од ендокриниот систем.
Внимавајте на индивидуален пристап на лекување на тироидната жлезда. Здравјето се чува секој ден со здрава храна!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена